Даниел Дубоа (27) пред 96.000 гледачи на “Вембли“ со класичен нокаут во петтата рунда успеа да го совлада славниот Ентони Џошуа (34) и со тоа да ја одбрани титулата светски боксерски првак во тешка категорија по ИБФ верзијата. Едноставно Џошуа немаше никакви шанси синоќа во битката со помладиот свој сонародник, инаку ова беше дуел на двајца Британци.
Во текот на целиот дуел Дубоа беше подобар, задаваше повеќе удари, и кога Џошуа, кој двапата паѓаше на подот во првите три рунди, свесен дека е во минус, тргна се или ништо, просто го здроби со класичен нокаут и му покажа кој е кој во овој момент.
Ова за Џошуа беше вкупно четврти пораз во досегашната кариера од 32 бокс меча, додека Дубоа сега има 22 победи и само два порази.
Спекткал во “Вембли“ кој ги оправда очекувањата, но сепак повеќе се очекуваше од Џошуа кој по веројатно е на залез на својата кариера.
IT'S ALL OVER🔥🔥🔥#RiyadhSeasonCard: Wembley Edition#JoshuaDubois | Live NOW on https://t.co/FoiaUucafv: Click link in bio to buy | @Turki_alalshikh pic.twitter.com/zZEm2Vufy9
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) September 21, 2024