Ненад Димитријевиќ уште еднаш потврди дека ќе биде супер засилување за Олимпија Милано. Македонскиот репрезентативец синоќа во полуфиналето од Суперкупот на Италија едноставно блескаше со 14 поени и беше најзаслужен што “манекените“ се пласираа во финалето.
По мечот тренерот на Нено, славниот Еторе Месина, имаше само пофални зборовои за Македонецот:
“Одличен играч, ние тоа го знаевме и затоа го донесовме во нашиот тим.Дојде од Уникс Казан каде беше лидер, станува збор за кошаркар кој може да пополни повеќе позиции во тимот и ќе ни биде голема помош во новата сезона. Имам за него само пофални зборови“ истакна Месина.