Нено го освои првиот пехар со Олимпија Милано

301

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше еден од најдобрите играчи на Олимпија Милано во победата над Виртус Болоња во финалето на Суперкупот на Италија. „Манекените“ славеа по продолжението со 98:96.
Виртус беше подобар противник во поголем дел од мечот, неколку пати водеше, а Олимпија изедначуваше. Пред полувремето Болоња имаше и +15, а на пауза отиде со +11 (47:36).

Во третата четвртина Олимпија заигра подобро и ја намали предноста на гостите во третиот период, во последната четвртина го продолжи ритамот па во финишот се играше кош за кош. На крајот 84-84. Се прејде кон продолжение во кое Олимпија беше подобра.

Димитријевиќ беше во топ 4 поентерите на Олимпија. Постигна 16 поени, имашше и пет скокови и шест асистенции за 35 минути на теренот. Најефикасен беше неговиот соиграч словенечкиот репрезентативец Џош Небо со 20 поени.

ПретходноЏон Стонс со гол во 98. минута го спаси Сити од пораз од Арсенал
СледноОдлична Барселона убедливо го совлада Виљареал, тешка повреда на Тер Штеген