Ландо Норис на Мекларен е победник на траката за Големата награда на Сингапур, 18-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
На патеката Марина Беј, Британецот ја освои третата победа сезонава, но прва откако стартува како прв на стартот.
Второто место му припадна на светскиот шампион Макс Верстапен во болидот на Ред Бул, но неговата разлика беше повеќе од 20 секунди и тешко можеше да смета на победа. Вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри беше на третото скалило на подиумот, по победата на последната трка во Азербејџан.
Верстапен ја продолжи својата низа без триумф на осум трки, а таквиот исход му даде шанса на Норис да ја намали разликата во генералниот пласман на 52 поени на шест трки пред крајот на сезоната.