Одлична Барселона убедливо го совлада Виљареал, тешка повреда на Тер Штеген

413

* Три поништени гола на Виљареал, Левандовски промаши пенал, голманот на Барса изнесен на носилки

Барселона славеше убедлива победа од 5:1 на гостувањето кај Виљареал во 6.коло од Ла Лига. Мечот го одбележаа шесте гола, два поништени гола на Виљареал и повредата на голманот на каталонскиот тим Тер Штеген во 45 минута.

Во 8 минута Пино постигна гол кој беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд. Следуваа два гола на Левандовски и водство на Барса од 2:0. Во 38 минута намали Перез, па потоа се повреди Тер Штеген. Германскиот голман лошо падна при една одбранета топка па го напушти теренот на носилки, а го замени Пино.

Во 50 минута нов поништен гол за Виљареал, овојпат повторно од офсајд на Пепе. Осум минути подоцна гол на Торе. Во 66 минута Левандовски промаши пенал, а три минути подоцна нов поништен гол за „подморницата“ поради офсајд.
Во 75 минута Рафиња погоди за победа од 5:1 на Барселона.

ПретходноНено го освои првиот пехар со Олимпија Милано
СледноГРК Тиквеш со реми ја заврши европската авантура