Пак по старо – Леверкузен победи со гол во 93 минута!

112

Стариот добар Баер Леверкузен од минатата сезона. Денеска „фармацевите“ го победија Волфсбург со 4:3 со гол во 93 минута, што претставува нивна специјалност покажувајќи го минатата сезона, еве сега и оваа.
По првото полувреме имаше пет гола, а гостите имаа предност од 2:3. Отвори Волфсбург со автогол на Мукиеле, па Леверкузен сврте со два гола преку Вирц и Та. Но до крајот на полувремето погодија Борнау и Сванберг за водство на гостите.
Само што почна второто полувреме изедначи Хинкапе, а во третата минута од судиското продолженија погоди Бонифасе за трета победа на Баер оваа сезона (ГОЛОТ ЗА ПОБЕДА ОВДЕ) .

ПретходноВМФЛ: Киксови на “лавовите“ и Брегалница
СледноПорака од Арената: “Романтичари најаки во Скопје“…еве како сега изгледа табелата по 6.коло! (ФОТО)