ПМФЛ: Прекин во Кавадарци, удрен судијата при водство на Вардар со 0:1! Шкупи убедлив во дербито, Шкендија броеше до пет!(ВИДЕО)

961

Попладнево се одиграа сите шест средби од 6.коло во ПМФЛ.

Мечот во Кавадарци беше прекинат во 96.минута откако беше удрен помошниот судија на мечот Тиквеш – Вардар и тоа при водство на гостите со 0:1 со прекрасниот гол на Закариќ. Тиквеш постигна гол ама беше поништен поради офсајд, од публиката со предмет беше удрен помошникот на Ставрев кој покажа дека мечот е прекинат. Јасно е дека ова ќе биде службени 0:3 за Вардар. Претходно и Брдаровски беше удрен.

Под Шара лидерот немаше милост кон Воска, тетовци просто го торпедираа тимот од Охрид со 5:1. Имаа шанси и за уште некој гол, но и со овој резултат Шкендија покажува зошто е прва на табелата.

Шкупи во дербито во Струга беше подобар од шампионот со 0:3, со два гола на Тамба, третиот на чаирчани беше во самиот финиш. Нема што, на Струга ТЛ и дефинитивно не и оди. Мора подобро ако сака да се бори оваа сезона за титулата.

Пелсистер со три убави гола славеше во Гостивар кај Беса со 2:3. Ќе се паметат головите на Керим и М.Ивановски.

Работнички и Брера на Арената одиграа 1:1. Ристовски донесе водство на гостите, Белица израмни.

Гостивар со 1:2 славеше во Кратово. Ова се големи три бода за гостиварци, кои ја истакнуваат кандидатурата за титулата.

РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО

БЕСА – ПЕЛИСТЕР 2:3

(Селмани 58., 90+4./Керим 8., М. Ивановски 27., Катаниќ 76.)

РАБОТНИЧКИ – БРЕРА 1:1

(Белица 75./Ристовски 26.)

ШКЕНДИЈА – ВОСКА 5:1

(Адеми 15., Ибраими 33., 60., Крстесвски 35., Адили 45+1./ Јахја 56.)

СИЛЕКС – ГОСТИВАР 1:2

(М. Ѓорѓиевски 87./Ајдоган 15., Зука 55.)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 0:3

(/Тамба 6., 71., 89.)

 

ТИКВЕШ – ВАРДАР 0:1 (прекин)

(/Закариќ 72.)

ПретходноНорис доминантно во Сингапур за трета победа во Ф1
СледноБаерн трепери: Мусиала се уште не го продолжил договорот, пристисокот од гигантите се посилен