По поразот на Фенербахче од Галатасарај, и тоа на свој терен со 1:3, славниот Жозе Мурињо ги доживува своите најнепријатни моменти во својата долга и блескава тренерска кариера. Не толку поради самиот пораз, тој губел и со поголема разлика, губел и на позначајни мечеви, но тоа е Турција. Во оваа земја фудбалот е многу повеќе од само една сериозна игра. Таму се става сол на рана што се вели.
Па така луѓето во Галатасарај кои се задолжени за водење на социјалните мрежи на клубот просто го понижија славниот Португалец и брутално го исмеваат нарекувајќи го сега со – “The Crying One“ место „The Special One“.
Се знае што сакаат да кажат од таборот на шампионот на Турција.