Удрен помошниот судија Петрески, Ставрев свирна прекин: Вардар службено ќе го добие мечот со 0:3!

11322

Се играше 90+6.минута, резултатот беше 0:1 за Вардар. Домашниот Тиквеш постигна гол за 1:1, судиската тројка на чело со Александар Ставрев го поништи и дојде до инцидент во кој страдаше помошникот Гоце Петрески кој беше удрен. По ова Ставрев го прекина мечот, ова е дефинитивно.No description available.

Значи официјално овој натпревар не е завршен туку е прекинат. Ова значи, ако се знаат пропозициите, дека Вардар ќе го добие овој меч со службени 0:3.

Јасно е дека никој не посакуваше ваков исход, никој не сакаше спектаклот да заврши со прекин.

Инаку Вардар постигна гол преку Закариќ во 72.минута, тоа беше фантастичен гол кој за негова жал нема да му важи.

Сега службите во ФФМ ќе треба да ја завршат својата работа, иако се знае дека овој меч Тиквеш – Вардар ќе биде регистриран со службени 0:3.

ПретходноБаерн трепери: Мусиала се уште не го продолжил договорот, пристисокот од гигантите се посилен
СледноКерим и Ивановски постигнаа два евро-гола за Пелистер кои ретко се гледаат на нашите терени (ВИДЕО)