Манчестер Сити беше пред пораз во дербито со Арсенал но се извлече благодарение на гол во осмата минута од судиското продолжение на натпреварот. „Топчиите“ по првото полувреме имаа предност од 2:1, а во второто мораа да играат со фудбалер помалку и беа секунди пред победа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.
Поведе Сити кога по одличната асистенција на Савињо, мрежата ја погоди Ерлинг Халанд. Тоа е неговиот 100. гол во 105. настап за Сити.
Но изедначи Калафиори со прекрасен шут со левата нога од далечина во 22 минута (ГОЛОТ НА КАЛАФИОРИ ОВДЕ). А Габриел во 45 минута донесе водство за Арсенал. Во судиското продолжение на првиот дел Тросар доби втор жолт картон и беше исклучен.
Арсенал во подредена улога, Сити во напаѓачка во второто полувреме. Сепак, дефанзивата држеше колку што можеше, а во 98 минута по мешаница и една одбиена топка, Џон Стонс успеа да го најде патот до голот (ГОЛОТ ЗА 2:2 ОВДЕ).
🚨🚨| RED CARD: TROSSARD IS SENT OFF!!
Man City 1-2 Arsenal
— Transfer Sector (@TransferSector) September 22, 2024