Екипата на ГРК Тиквеш не успеа да ја надополни негативата од четири гола од првиот квалификациски меч во ЕХФ Европскиот Куп. По поразот на гости кај Драма, кавадарчани на домашен терен одиграа реми 26-26.
Димоски беше стрелец на седум гола, додека Темелковски запиша четири. На другата страна Константинос имаше осум погодоци.
Во првото полувреме се играше релативно изедначно, со тоа што гостите одржуваа на момент позитива од еден до два гола. На одморот Тиквеш замина со предноста од 12-13. Избраниците на Кристијан Грчевски очекувано заиграа многу подобро во вториот дел кога со головите на Димовски (два), Манасков и Кофилоски во 48-та минута зголемија на плус четири 21-17 надокнадувајќи ја негативата од првиот меч. По новат грешка на противникот, Манасков не успеа да реализира.
Мијатовиќ заработи две минути исклучување, а грчкиот тим после долго време реализираше за 21-18. На почетокот на 50-та минута по голот на Темелкоски за 22-18 беше јасно дека во Кавадарци ќе биде вистинска драма.
На нови плус четири за кавадарчан (24-20), Драма со три гола во низа и играч повеќе дојде на гол негатива 24-23 на три минути до крајот. Од овој момент не најдоа начин да приредат чудо, на крајот се изборија со реми (26-26).