Полувреме: Без голови во Кавадарци, мајстории на Керим и М. Ивановски, Шкупи води со спорен гол, Шкендија убедлива! (ВИДЕО)

148

Завршија првите полувремиња на сите шест средби попладнево во рамките на 6.коло во ПМФЛ.

Пред полни трибини во Кавадарци, Тиквеш и Вардар по првото полувреме играат 0:0. Голема борба, домашните беа најблиску до гол кога Витао од речиси половина терен се обиде да го лобува Гачевски кој сепак успеа да го спаси својот гол. Голманот на Вардар имаше уште една убава интервенција, на другата страна Вардар преку Ѓуриќ ја погоди стативата на кавадарчани, малку недостигаше гостите да поведат. 

На супер дербито во Струга, Шкупи со спорен гол води со 0:1. Стрелец беше Тамба, но не се гчеда убаво дали топката ја минала гол – линијата.

Шкендија со головите на Адеми, Ибраими, Крстевски и Адили има убедливо водство од 4:0 против Воска. Тетовци ги газат охриѓани кои не знаат што ги снашло.No description available.

Во Гостивар со двата прекрасни гола на Керим и М. Ивановски, Пелистер води на гости кај Беса со сигурни 0:2.


Брера со убавиот гол на Ристовски има водство од 0:1 на Арената против Работбнички.

Со истиот резултат води и Гостивар во Кратово со голот на Ајдоган.

ПретходноДиректорката на Рома мораше да си замине по заканите од ултрасите!
СледноЌамили погоди за победа на Сондерјиске (ВИДЕО)