Супер дерби покрај езерото: Струга ТЛ VS Шкупи во битка за бодови, во битка да се покаже кој е кој!

81

Денеска на Градскиот стадион во Струга, со почеток од 15 часот во меч од 6.коло во ПМФЛ, шампионот го пречекува Шкупи. Значи Струга ТЛ против Шкупи во битка за бодови, во битка да се покаже кој е кој. Во минатата сезона и двете екипи, заедно со Шкендија, до коло пред крајот се бореа за титулата, на крајот Струга ТЛ го освои шампионскиот пехар а чаирчани останаа и без Европа.

Реално момците на стратегот Ќатип Османи се фаворити на хартија, но може ли некој да биде фаворит кога игра против Шкупи кој веројатно во новата сезона е најнепредвидлив тим. Знае да блесне, но знае и тоа како да одигра очајно.

Струга ТЛ и натаму е без клучниот играч Буњамин Шабани, јасно е дека тешко оди без капитенот. Тренерот Ќатип Османи жали дека не може да смета на Буњо, но исто така смета дека има квалитет во неговиот состав да се надомести отсуството на капитенот.

Ова за важни бодови и за двете екипи. И Струга ТЛ и Шкупи, посебно чаирчани, мора да победат. Во спротивно Шкендија па и Работнички ќе побегнат на табелата.

Јасно е дека Струга ТЛ иако победува не блеска, од шампионот се очекува не само бодови туку и победи со стил.

Кога сме кај традицијата таа вели дека овие две екипи досега одиграле 16 меча и билансот е израмнет. Имаат по шест победи и порази а четири пати се играло без победник. Гол разликата е 20:23 за Шкупи.

Во пресрет на денешното дерби на табелата шампионот се наоѓа на третото место со 10 бодови, еден помалку од водечките Шкендија и Работнички, додека Шкупи е седми со само 5 бода.

ПретходноЕторе Месина за Нено: Знаевме дека е одличен играч, затоа го донесовме!
СледноПо триумфот во мега – дербито: Галата брутално го исмева Мурињо! (ФОТО)