Фиорентина со два пенали до пресврт и победа над Лацио

22

Во 5. коло од Серија А, екипата на Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“ со пресврт победи со 2:1.   Гостите беа за нијанса подобри во првото полувреме, создаваа шанси, и сосема заслужено поведоа во 41. минута со голот на Марија Гила.

Веќе на почетокот на вториот дел Фиорентина тргна во офанзива, влезе Алберт Гудмундсон и веќе во 48. минута Гендузи направи прекршок, а Фиорентина израмни од пенал преку Гудмундсон.

Во самиот финиш, Фиорентина доби уште еденпенал, кој Гудмундсон повторно го реализираше за 2:1 и за победа на „виолетовите“.

ПретходноМотоГП: Бастианини за 100-та победа на Дукати во историјата
СледноДиректорката на Рома мораше да си замине по заканите од ултрасите!