Хаос на СУПЕРКЛАСИКО: Голманот на Бока сакаше да се тепа со своите навивачи! (ВИДЕО)

100

Синоќа на “Бомбоњера“ во Буенос Аирес се одигра 263.СУПЕРКЛАСИКО. Ривер како гостин ја победи Бока со 0:1 и тоа со голот на Ланзини. Тоа беше дерби со многу нервоза и не толку квалитетен фудбал.

По мечот дојде до вистински хаос, па и скандал ако сакате. Разочарани од поразот, фановите на Бока и тоа како имаа што да им кажат на своите миленици кои во тој момент влегуваа во тунелот кон соблекувалната.

То очигледно го разгневи голманот Серхио Ромеро, па тргна да се тепа со своите фанови по што дојде до невиден хаос.

И тоа го има само во Ј. Америка, само во Аргентина каде фудбалот е нешто повеќе од игра.

Погледнете што се случуваше по мечот на “Бомбоњера“:

ПретходноВМФЛ: Водечките пред нови и лесни победи
СледноДурдов е новиот бисер: Малиот има само 16 години, погледнете какви голови дава за Хајдук! (ВИДЕО)