Штипјани почнаа со победа во првиот контролен натпревар

71

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на ШТИП УГД имаше успешен прв тест во очекување на почетокот на новата одбојкарска сезона. Во првиот подготвителен натпревар одигран во Штип, тимот предводен од тренерот Ристески славеше со убедливи 3:0 над косовскиот прволигаш Феризај.

Освен во првиот сет во кој гостите стигнаа до 21 поен, во останатите три штипјани беа прилично доминантни освојувајќи ги со 25:18 и 25:13. Овој прв меч покажува дека екипата се движи во добар правец и во новата сезона повторно ќе биде сериозен ривал за шампионот Струмица во битката за трофеите на домашната сцена.

Претходно„Сакаат да исчезнеме“! На Сити му “гори“, останува без петте најголеми ѕвезди?!
СледноМотоГП: Бастианини за 100-та победа на Дукати во историјата