Атанасов и Стојановски пред дуелот со Тиват: Очекуваме добар меч и бараме поддршка од фановите!

60

Шампионот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром утре ја започнува новата сезона. Аеродромци стартуваат на свој терен во салата “Јане Сандански“ против екипата на Тиват во регионалното натпреварување АБА 2. Овој меч се игра од 18 часот.

Секако дека главна цел на аеродромци е сезонава да успеат да се изборат за враќање во АБА 1 елитното друштво, но и продолжување на доминацијата на домашно тло.

Сметам дека зад нас е еден добар преоден рок. Успеавме да го задржиме костурот на екипата, успеавме да доведеме неколку нови засилувања. Целите наши се исти, а тоа е одбрана на трите трофеи на домашната сцена. Отворање на новата сезона против екипата на Тиват, по долго време меч од регуларен дел во АБА на домашен терен. Ривалот од Тиват има цврста екипа која игра балканска кошарка. Доста се подготвени, задржаа голем дел од играчите од минатата сезона. Очекувам добар меч. Ги повикувам сите симпатизери да дојдат и да дадат поддршка“, вели тренерот на МЗТ, Васко Атанасов. 

Капитенот Дамјан Стојановски подолго од една деценија е верен на дресот на МЗТ, тој верува дека и во новата сезона ќе продолжи да крева уште трофеи.

Имавме добри подготовки. Одигравме доволно пријателски натпревари. Мислам дека оваа екипа има квалитет за влез во АБА 1, но треба да одиме од меч на меч. Верувам дека и оваа сезона нашите верни навивачи ќе бидат наш шести играч и заедно да успееме да се вратиме во АБА 1 лигата“, вели капитенот Стојановски. 

ПретходноФилип Ѓоревски: МЗТ Скопје во новата сезона има за цел одбрана на трофеите и враќање во АБА1!
СледноСРЕЌНИ ВЕСТИ: БРАНКО ДИМИТРИЕВСКИ ОСВОИ 198.437 ДЕНАРИ СО СРЕЌНИ ТОПЧИЊА