Шпанска „Марка“ потврди дека скенирањето на коленото на фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, направено денеска во Манчестер со магнетна резонанца, потврдило дека 28-годишниот играч од средниот ред ги скинал вкрстените лигаменти.
На натпреварот од 5. коло со Арсенал, фудбалерот на „граѓаните“ се повреди во 16. минута од натпреварот.
Шпанецот итно беше пренесен во Мадрид за да направи уште еден преглед за да се потврди сериозноста на повреда. Доколку повторниот преглед ја потврди дијагнозата, Родри веднаш ќе биде опериран во главниот град на Шпанија. Тоа значи дека за шпанскиот репрезентативец сезоната е завршена.