Секоја чест: Куртоа со специјална порака до повредениот Тер Штеген! (ФОТО)

703

Синоќа Барселона на гости кај Виљареал ја продолжи победничката серија во Ла Лига. Шести меч и шеста победа, па така сега со 18 бодови и натаму е неприкосновен лидер на табелата.

Да не биде среќата комплетна се случи тешката повреда на капитенот Марк – Андре Тер Штеген, кој ќе биде надвор од терените веројатно една година, што значи за него сезоната заврши речиси на самиот почеток.

Реал и Барса се вековни ривали, некогаш и непријатели, но секогаш како најголеми клубови во светот, знаат да бидат на ниво кога е најпотребно, посебно меѓу играчите.

Имено Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид по повредата на голманот на Барса, испрати специјална порака на своите социјални мрежи во знак на поддршка во овие тешки моменти за Тер Штеген.

Жал ми е за повредата, Тер Штеген, многу ме повреди тоа што видов на кој начин го напушташ теренот. Се надевам дека ќе закрепнеш и дека наскоро повторно ќе се видиме на голот“ напиша Куртоа.

Инаку тој многу добро знае како сега се чувствува Тер Штеген, имено голманот на Реал поради тешка повреда речиси ја пропушти минатата сезона, се врати дури во финишот на истата.

Imagen

ПретходноУжасна повреда во АБА лигата: Словенецот заврши во болница! (вознемирувачко видео)
СледноТер Штеген снимен во количка како ја напушта болницата! (ВИДЕО)