Во среда (25.09.2024) се играат сите шест меча од 7.коло во нашата елитна лига. Познати се и делителите на правдата. На дербито меѓу Гостивар и Шкендија, кое се игра на стаддионот “Борис Трајковски“ во Маџари, главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.
Единствен меч кој се игра во вечерен термин, од 20 часот, е оној меѓу Вардар и Силекс и тоа на Арената во Скопје. Главен судија на оваа средна ќе биде Димитар Пилешков од Штип.
Во продолжение можете да видите кој се суди и на останатите мечеви:
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 7.КОЛО – СРЕДА (15 Ч)
Струмица: Брера – Тиквеш (Марјан Младеновски – Скопје)
Битола: Пелистер – Работнички (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)
Скопје: Шкупи – Беса (Фатмир Бафто – Охрид)
Охрид: Воска – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Скопје: Гостивар – Шкендија (Јован Качевски – Струга)
СРЕДА, 20 Ч
Скопје: Вардар – Силекс (Димитар Пилешков – Штип)