Во големото дерби во Струга, Шкупи со 0:3 успеа да слави на теренот на шампионот и со тоа да покаже дека има добар тим и има намера и оваа сезона да атакува на највисок пласман. Квалитетно издание на чаирчани предводени од стратегот Матија Мирков, кој се чини дека полека, но сигурно ја оправдува довербата која му беше дадена од страна на раководството на Шкупи.
Секако да се победи шампионот со 0:3 на негов терен тоа значи дека и тренерот на победничката екипа одлично си ја завршил својата стручна работа.
Токму затоа Мирков според “СпортСпорт“ е тренер на 6.коло во тековната сезона во ПМФЛ.