Јетон Беќири: Во второто полувреме се опуштивме, тоа на Шкендија не смее да и се случува!

103

Шкендија по 6.коло и натаму е лидер на табелата во ПМФЛ. Тетовските “црвено – црни“ вчера ја “торпедираа“ Воска со 5:1. Факт е дека во првите шест кола оваа екипа покажа најмногу и затоа е прва на табелата и засега е најсериозен кандидат за титулата.

Во изјава за клупскиот сајт, стратегот на тетовци Јетон Беќири истакна:

Важна победа, нормално секој противник подеднакво треба да се почитува. Презадоволен сум од настапот на тимот во првото полувреме, но не сум задоволен од вториот дел бидејќи се опуштивме, бевме задоволни со резултатот и мислам дека вакво нешто не треба да се случи на сериозна екипа како Шкендија . Во дефанзивен аспект и дадовме некои можности за тимот на Воска, а во офанзива не сум задоволен од второто полувреме бидејќи имавме неколку чисти шанси, од кои некои верувам дека требаше да ги искористиме“ посочи Беќири.

ПретходноЕксклузивно: Баждаревиќ е прва опција за тренер на Беса!
СледноФилип Ѓоревски: МЗТ Скопје во новата сезона има за цел одбрана на трофеите и враќање во АБА1!