Вардар – Силекс се игра од 20 часот на Арената во Скопје!

553

По пауза од еден меч, и тоа од оправдани причини, Вардар повторно ќе игра во вечерен термин. Имено дуелот со Силекс во среда од 7.коло е закажан за од 20 часот под светлоста на рефлекторите и тоа на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Секако дека убава можност љубителите на фудбалот да уживаат во одличен натпревар меѓу две квалитетни екипи, меѓу клубови кои некогаш беа лути ривали во битката за титулата во ПМФЛ.

Додека останатите мечеви од 7.коло во ПМФЛ се играат од 15 часот, исто во среда а се среќаваат Брера – Тиквеш, Пелистер – Работнички, Воска – Струга ТЛ, Шкупи – Беса и Гостивар – Шкендија.

ПретходноПоранешниот македонски селектор си поднесе оставка – охриѓани ја прифатија!
СледноНаскоро и во Битола ќе се игра под рефлектори!