Екипата на Евертон има ново раководство откако компанијата The Friedkin Group стана нивен нов споственик. Оваа компанија инаку е и актуелен сопственик на италијанскиот клуб Рома.
Компанијата купи поголем дел од акциите во клубот и сега ќе се чека само официјална одобрение на договорот од Фудбалската асоцијација на Англија и од Премиер Лигата.
„Среќни сме што постигнавме договор за превземање на овој клуб. Во моментов сме фокусирани на добивање официјално одобрение од фудбалската асоцијација, но сметаме дека тоа нема да биде проблем. Ќе работиме да ја обезбедиме стабилноста во клубот и да инвестираме во иднината, вклучувајќи ја и изградбата на новиот стадион“, изјави портпаролот на компанијата Фридкин.
Во моментов Евертон е на последното место во Премиер лигата со освоен само еден бод.