“Димитријевиќ заслужи да биде МВП, но може и подобро“!

501

Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ, вчера во финалето на Суперкупот на Италија блескаше во дресот на Олимпија Милано. И не само што го освои овој трофеј, прв со својот нов тим, туку беше прогласен и за МВП на турнирот. Секако дека овој блескав старт во новиот клуб и тоа како мора да го прави горд нашиот кошаркар.

Еторе Месина, неговиот тренер, уште еднаш го коментираше настапот на Нено. Тој вели дека наградата МВП заслужено му припаднала на Димитријевиќ:

Заслужено ја доби наградата МВП, сепак според мене, тој може да одигра уште подобро според своите потенцијали. Му треба време да се адаптира уште повеќе и со тоа уште повеќе ќе може да ги користи своите соиграчи. Мислам дека тие две години минати во Уникс Казан и соработката што ја имаше во тој период со Велимир Перасовиќ, го направија уште позрел играч“ посочи славниот Месина по финалниот меч со Виртус во кој победи Олимпија Милано.

Инаку Нено во ова финале забележа 16 поени, 6 асистенции и 5 поени и затоа дојде до признанието МВП на целиот турнир зошто и во полуфиналето беше одличен.

ПретходноУникаха го совлада Реал Мадрид и прв пат го освои Суперкупот на Шпанија
СледноУжасна повреда во АБА лигата: Словенецот заврши во болница! (вознемирувачко видео)