Дождот го одложи натпреварот помеѓу Вимблдон и Њукасл

76

Натпреварот од англискиот Карабао куп помеѓу екипите на Вимблдон и Њукасл е одложен поради голема поплава на стадионот на Вимблдон „Чери Ред Рекордс“.

Прес службата на домашниот тим објави дека поради големите дождови кои деновиве го зафатија Лондон натпреварот ќе биде одложен и дека ќе биде објавен нов датум на кој истиот ќе се одигра. Обилните врнежи ги поплавиле трибините и теренот и формирале голема дупка на тревата.

ПретходноГаздата на Рома го купи и Евертон
СледноИма ли проблем меѓу Тен Хаг и Рашфорд?