Жестоки навреди: Реал е клуб на имигранти, а Винисиус е го***“

416

Поранешниот претседател на Валенсија, Пако Роиг, брутално ги навреди Реал Мадрид и бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, по случувањата на отварањето на сезоната. 85-годишниот Роиг изјави дека Реал е всушност клуб на имигранти и дека тој лично ги нарекува „Реал Имигрант“

„Мадрид го нарекувам ‘Реал Имигрант’. Имаат осум црнци, двајца белци странци и еден Шпанец, Карвахал“, изјавил Пако Роиг и додал: „Винисиус можеби е одличен играч, навистина верувам дека е, но тој е гомно“.

Ова се навистина жестоки навреди кон Реал и бразилскиот фудбалер. Многумина не можат да поверуваат што успеа да каже Роиг во неколку реченици. На овие зборови сигурно ќе има реакција од Реал Мадрид.  Пако Роиг беше на чело на Валенсија од 1994 до 1997 година.

ПретходноЦ. Звезда убедлива на „вечното дерби“ (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Партизан ја гаѓале соблекувалната на тимот и го повредиле тренерот