Вчера во Македонија се играа натпреварите од 6.коло во ПМФЛ и натпреварите од 5.коло во ВМФЛ, и тоа во ист термин. Значи од 15 до 17 часот на програмата беа дури 14 средби.
Исто така и во среда, во ист термин од 15 до 17 часот ќе има двојна програма. Во ПМФЛ се играат шест мечеви а во ПМФЛ осум. Дури за викендот ќе бидат “разделени“. Во сабота ќе се игра втора лига а во недела мечевите од ПМФЛ.
Инаку во среда повторно во Скопје на програмата ќе бидат три средби во ПМФЛ. На Арената “Тодор Проески“ играат Вардар и Силекс, во Чаир се среќаваат Шкупи и Беса, а во Маџари екипата на Гостивар му е домаќин на Шкендија, ова ќе биде и дерби на 7.коло.
На останатите средби во ова коло во ПМФЛ се среќаваат Брера – Тиквеш, Пелистер – Работнички и Воска – Струга ТЛ.