Касано со шокантна изјава: “Кристијано Роналдо не знае да игра фудбал!“

144

Кристијано Роналдо според се она што го постигна во својата кариера секако дека важи за еден од најдобрите, еден од најголемите фудбалери во историојата. Работа на вкусови е кој е најдобар, Меси, Марадона, Пеле. бразилскиот Роналдо или Кристијано, но Португалецот секако дека е во најтесна конкуренција.

Сепак има и такви кои велат дека Роналдо не знаел да игра фудбал. А тоа го вели Антонио Касано, некогашниот италијански репрезентативец, во свое време еден од најдобрите напаѓачи во светот кој играше за клубови како Рома, Интер, Реал Мадрид…

Роналдо не знае да игра фудбал. Може да постигне и 3.000 голови, но за мене тоа не е меродавно. Игуаин, Левандовски, Агуеро, Бензема, Ибрахимовиќ и Суарез знаеја како да ја поврзат играта на својот тим. За разлика од нив Кристијано го интересира само да постигне гол и ништо друго“ е шокантната изјава на Италијанецот.

ПретходноРакометарките ја започнаа мисијата ЕУРО 2024!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Удрениот судија Петрески во Кавадарци!