Никогаш не му е доста: Перез го спрема најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид!

253

Никогаш не е здодевно барем што се однесува до Реал Мадрид. Секогаш или секојдневно медиумите во Шпанија излегуваат со сензационални информации од најголемиот клуб.

Па така по ангажманот на Килијан Мбапе, сега Дон Флорентино Перез се спрема уште сега за летниот преоден рок наредната година.

Имено се најавуваат Халанд, Дејвис, Александер – Арнолд, но газда Флорентино најголемите напори ќе ги вложи да го донесе напаѓачот на Баер Леверкузен и репрезентацијата на Германија, Флоријан Вирц, кој е вистинска нова ѕвезда во светот на фудбалот.

Ова не е ништо ново, и порано се шпекулираше за овој трансфер, ново е тоа што Перез има подготвено 150 милиони евра за плаќање на отштета на Леверкузен.

Ако овие најави се остварат, тогаш тоа ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид. Познато е дека за Мбапе не беше дадена отштета, а досега најмногу пари за ангажман се дадени за Еден Азар, кога од Челзи во Реал Мадрид дојде за 120 милиони евра.

ПретходноВардар 1961 ги пушти во продажба билетите за дербито со Пелистер
СледноИлија Несторовски во тимот на колото во Хрватска