Никола Илиевски Џиџи си поднесе оставка на тренерското место во тимот на Охрид. После четири кола и поразот од Башкими поранешниот селекторот на македонската фудбалска репрезентација одлучи да си замине, а неговата оставка беше прифатена од страна на раководството на клубот.
Џиџи успеа да освои само еден бод, Охрид е последен на табелата во Втората лига.
„После вчерашниот натпревар против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка која што беше прифатена од раководството на ГФК Охрид. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера.“, се вели во соопштението на Охрид.