Македонската женска ракометна репрезентација ја стартуваше мисијата ЕУРО 2024. Предводникот, Кристијан Грчевски и неговите избранички за време на ЕХФ недела ќе одиграат два пријателски натпревари против Австрија на гости (сабота и недела).
Националниот тим ќе биде комплетиран во среда, последна ќе се приклучи Леонида Гичевска. И овој пат Грчевски има проблем со повредите, под знак прашалник се средниот бек Ивана Арсениевска и десниот бек Јована Кипријановска. Двете се неизвесни за пресметката со Австрија.
Во стручниот штаб се најавени промени, Елена Ѓорѓиевска покрај тоа што ќе игра, таа ќе биде помошен тренер, улога која претходно ја извршуваа Едуарда Аморим и Ања Алтхаус.
Македонија на ЕП ќе игра во Дебрецин, прв противник е Шведска, дуел кој се игра на 28. ноембри, додека пак два дена подоцна следува мечот со Турција. На 2. декември нашите ракометарки групната фаза ќе ја затворат против домаќинот, Унгарија.