Судии за ПМФЛ: Качевски ќе го суди дербито меѓу Гостивар и Шкендија, Пилешков на Арената во Скопје

431

Во среда (25.09.2024) се играат сите шест меча од 7.коло во нашата елитна лига. Познати се и делителите на правдата. На дербито меѓу Гостивар и Шкендија, кое се игра на стаддионот “Борис Трајковски“ во Маџари, главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга.

Единствен меч кој се игра во вечерен термин, од 20 часот, е оној меѓу Вардар и Силекс и тоа на Арената во Скопје. Главен судија на оваа средна ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

Во продолжение можете да видите кој се суди и на останатите мечеви:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 7.КОЛО – СРЕДА (15 Ч)

Струмица: Брера – Тиквеш (Марјан Младеновски – Скопје)

Битола: Пелистер – Работнички (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

Скопје: Шкупи – Беса (Фатмир Бафто – Охрид)

Охрид: Воска – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Скопје: Гостивар – Шкендија (Јован Качевски – Струга)

СРЕДА, 20 Ч

Скопје: Вардар – Силекс (Димитар Пилешков – Штип)

ПретходноНавивачите на Партизан ја гаѓале соблекувалната на тимот и го повредиле тренерот
СледноМечот Аталанта-Комо одложен за утре