Тер Штеген снимен во количка како ја напушта болницата! (ВИДЕО)

121

Еден од најдобрите голмани во светот Марк – Андре Тер Штеген, вчера на гостувањето кај Виљареал се здоби со страшна повреда. Повеќе од јасно е дека Барселона нема да може да смета на својот капитен речиси до крајот на оваа сезона, па така ефектната победа од 1:5, како да падна брзо во заборав кај фановите, но и кај сите во каталонскиот гигант.

По повредата Германецот беше префрлен во болница, а медиумите во Шпанија успеаја да го снимат како тој седнат во инвалидска количка ја напушта истата.

Инаку голманот на Барса при една интервенција потешко го повредил коленото и му се прогнозира дека најмалку осум месеци ќе биде надвор од терените.

Секако дека ова е удар не само за Барса, туку и за селекцијата на Германија.

ПретходноСекоја чест: Куртоа со специјална порака до повредениот Тер Штеген! (ФОТО)
СледноИ во среда мечевите во ПМФЛ и ВМФЛ во заеднички термин!