Филип Ѓоревски: МЗТ Скопје во новата сезона има за цел одбрана на трофеите и враќање во АБА1!

61

Во новата сезона ќе има нов атак на трофеи, тоа е планот на извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром, Филип Ѓоревски.

Според првиот човек на шампинот на Македонија, аеродромци имаат за цел да ги одбранат трофеите кои ги освоија минатата сезона во првнството и во Купот, но и конечно клубот да се врати во регионалната АБА 1 лига.

По долги години, МЗТ СКопје има генерален спонзор во името на  МТЕЛ. Мислам дека имавме добро мирно лето. Сите желби околу играчкиот кадар ги исполнивме. Амбициите на клубот како и секоја година така и оваа година се истите исти. Оваа година поголем фокус ќе дадеме на АБА лига односно враќањето во АБА1. На домашната сцена МЗТ е главен претендент за освојување на трофеите. Како клуб доволен мотив и показател дека сме во правилна насока е продолжувањето на соработката со сите наши помагатели од претходната година, плус додадовме нови спонзори“, вели Ѓоревски на денешниот прес по повод стартот на новата сезона.

ПретходноЈетон Беќири: Во второто полувреме се опуштивме, тоа на Шкендија не смее да и се случува!
СледноАтанасов и Стојановски пред дуелот со Тиват: Очекуваме добар меч и бараме поддршка од фановите!