Почна спектакуларно,со прекрасна атмосфера, со полни трибини, со голема битка на теренот, а се заврши со инцидент и тензии. Ова е накусо “приказната“ од вчерашниот меч во Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар кој заврши со прекин во 90+6.минута при резултат 0:1 за гостите од Скопје.
Се разбира дека фото на ова коло е моментот кога помошниот судија Гоце Петрески како лежи долу на теренот откако претходно беше удрен, по што и дојде до прекин.
Да се надеваме дека вакви сцени нема веќе да гледаме на нашите стадиони.