Манчестер Сити и Арсенал одиграа 2:2 во дербито од петтото коло од англиската Премиер лига. Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута, а потоа Родри, еден од нивните најдобри играчи, мораше да ја напушти играта поради повреда во 21. минута. Арсенал направи пресврт на крајот од првото полувреме.
Лондонскиот клуб остана со десет играчи на теренот во судиското надополнување во првото полувреме бидејќи Тросард доби втор жолт картон. Сити притисна во вториот дел, а Џон Стоунс постигна гол само во 98. минута за реми.
По натпреварот, на социјалните мрежи беше споделено видео од тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, бесен по израмнувачкиот гол на средината на првото полувреме. Шпанскиот стручњак се приближи до клупата и силно го удри столчето. Како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение.
Pep Guardiola kicks his own chair in anger after Arsenal’s equalizer
byu/OptimusCloyster insoccer