Како што дознава “СпортСпорт“, најсериозан кандидат или прва опција за тренер на Беса е легендата од БиХ, Мехмед Баждаревиќ. Со него во последните 24 часа интензивно се преговарало, а што ќе биде и дали популарниот Меша ќе дојде во мак – фудбалот, тоа останува да се види.
Инаку од сите имиња кои досега беа споменувани како можни тренери на Беса, Акраповиќ, Вулиќ, Седлоски, првиот и дефинитивно отпаднал како опција.
Кога сме кај Баждаревиќ тој е некогашен фудбалер на Жечезничар и некогашен репрезентативец на екс – СФРЈ, во свое време еден од најдобрите фудбалери на овие простори.
И како тренер има завидна кариера. Работел во Гренобл, Сошо, Генгамп, бил и селектор на БиХ.