Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска федерација, на име на членството на оваа организација.
Ова се парите што секоја година ги добива секоја друга федерација во Европа и светот.
Русија и нејзините клубови, како и репрезентацијата се исклучени од сите натпреварувања под покровителство на светската и европската федерација од 2022 година, но протокот на пари од тие адреси продолжи кон ФС на Русија.
Тамошните медиуми пишуваат дека во 2023 година Руската Федерација добила 405.813.000 рубљи од ФИФА и УЕФА. Тоа се приближно четири милиони евра.
Веќе две години руските клубови играат само домашни првенства, а репрезентацијата играше само пријателски натпревари, најчесто со третокласни екипи.