Македонскиот фудбалер, Илија Несторовски деби голот во дресот на Славен Белупо го запиша на најдобар можен начин. Тој стрелаше против Динамо Загреб, го постигна четвртиот гол на оваа средба за 4-1.
Погодокот на Несторовски беше вистинска мајсторија, а тоа беше доволно за да се најде во тимот на колото во хрватскиот шампионат.