Еден од најдобрите голмани во светот Марк – Андре Тер Штеген, вчера на гостувањето кај Виљареал се здоби со страшна повреда. Повеќе од јасно е дека Барселона нема да може да смета на својот капитен речиси до крајот на оваа сезона, па така ефектната победа од 1:5, како да падна брзо во заборав кај фановите, но и кај сите во каталонскиот гигант.
По повредата Германецот беше префрлен во болница, а медиумите во Шпанија успеаја да го снимат како тој седнат во инвалидска количка ја напушта истата.
Инаку голманот на Барса при една интервенција потешко го повредил коленото и му се прогнозира дека најмалку осум месеци ќе биде надвор од терените.
Секако дека ова е удар не само за Барса, туку и за селекцијата на Германија.
🚨🧑🦽DERNIÈRE MINUTE :
Après avoir passé des examens, Marc Ter Stegen vient de quitter l’hôpital de Castellón en chaise roulante… pic.twitter.com/Xpv3bMnpDi
— 𝗙𝗖𝗕 (@BarcaFRNews) September 22, 2024