„Марка“ тврди дека веќе е познат добитникот на Златната топка

197
Foto> Twitter/Real Madrid

Точно 34 дена од сега, на 28 октомври, ќе биде познат новиот добитник на „Златната топка“ и наследникот на Карим Бензема. Според шпанска „Марка“, тоа како и лани ќе биде играч на Реал Мадрид, бразилското крило Винисиус Жуниор.

За дваесет и четиригодишниот Бразилец тоа треба да биде најголемото индивидуално признание во досегашната кариера во која освои се. Во летото 2021 година, Винисиус експлодираше. За Реал постигна 86 гола и запиша 80 асистенции на 272 натпревари. Тој освои две ЛШ и три домашни титули.

Заедно со него, во игра за наградата се и соиграчите Џуд Белингем и Дани Карвахал и ѕвездата на Манчестер Сити, Родри, кој беше најдобар играч на ЕП, но претходните објави на Marca за Златна топка главно се покажаа како точни.

„Бразилецот целосно ја заслужи етикетата за најголема ѕвезда на церемонијата во Париз на 28 октомври. Не му беше лесно да го достигне врвот на фудбалскиот свет“, пишува мадридскиот весник.

На насловната страница на печатеното издание на „Марка“ има фотографија на Винисиус и наслов „Сите патишта водат кон злато“.

ПретходноРеал Мадрид испрати скаути за дефанзивец на Лајпциг
СледноРафаел Надал ќе игра на Дејвис Купот