Жозе Мурињо го презеде Фенербахче на почетокот на оваа сезона, а засега работите не одат во посакувана насока. Турскиот великан под водство на Мурињо не се пласира во ЛШ, а викендов загуби од Галатасарај дома со 1:3. Па така Гала им избега на пет бодови на чело на табелата.
Турските медиуми откриваат и детали од соблекувалната по натпреварот.
„Мурињо ја собрал целата екипа и ја заклучил во соблекувалната. Викел пред големиот екран објаснувајќи им ги грешките, а потоа им кажал дека дошол во Турција за да биде шампион. Потоа им рекол ако повторно види ваков натпревар, ќе го напушти клубот“, објави турскиот новинар Серкан Хамзаоглу.
Пред Фенер се два тешки меча, во Лига Европа ќе игра со белгиски Унион Сен Жилоа, а три дена подоцна му гостува на Анталијаспор.
Sercan Hamzaoğlu: “Jose Mourinho tüm takımı toplayıp odaya kapandı. Dev ekranda bağırarak hataları anlattı. Ben buraya şampiyon olmaya geldim. Kimsenin gözünün yaşına bakmam. Bir daha böyle maç görürsem kadro dışı bırakırım.’ dedi. #FutbolArena
🔴 CANLI: https://t.co/wVS7SeOsIM pic.twitter.com/8Udzt9iaBF
— FutbolArena (@futbolarena) September 23, 2024