Никола Мишковиќ го засили Пелистер

60

Пелистер го заокружи ростерот за стартот на новата натпреварувачка сезона потпишувајќи договор со Никола Мишковиќ, 25-годишен српски кошаркар кој треба да биде од голема помош во борбата под обрачите за актуелниот вицешампион на Македонија.

Битолскиот клуб подолго време беше во потрага по квалитетен крилен центар, а на крајот изборот падна токму врз поранешниот кошаркар на Мега, кој до пред неколку години важеше за еден од најголемите таленти на српската кошарка.

Тој беше лидер на српската М18 репрезентација на ЕВРО 2017, на кое северниот сосед стигна до титулата, а Мишковиќ во финалето имаше 23 поени и четири скока (победа од 74-62 над Шпанија), за што се закити и со МВП-признанието и беше избран во идеалниот тим на шампионатот.

Во последните години тој настапуваше за Арка  во Полска, потоа мина една сезона во Подгорица, па ги бранеше и боите на Аполон Патрас во грчкиот шампионат, на Менорка во шпанската Ендеса-лига, а ланската сезона ја мина во дресот на Иркут во руската  Супер-лига, каде имаше просек од 15 поени и 6,8 скокови по натпревар.

Тој е четвртиот странец потпишан за стартот на сезоната, покрај српскиот крилен центар Бојиќ и Американците Брајан и Едвардс.

ПретходноЕнрике: Штета што Мбапе отиде во Реал Мадрид!
СледноМЗТ Скопје ја стартува мисијата „кам-бек“ во АБА-лига