Реал Мадрид внимателно го следи развојот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба. Кралскиот клуб испратил свои скаути во живо да ги следат настапите на Французинот на натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, открива „Марка“.
Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат за засилување на одбраната следното лето, а Лукеба е едно од имињата на кои се мета. 21-годишниот талент покажува сериозен развој, а тоа не остана незабележано од „белиот балет“. Со добрите игри стигна и до француската репрезентација, откако веќе одигра 1 натпревар за петлите.
Инаку, Лукеба е младински играч на Лион, но лани беше купен од РБ Лајпциг за 34 милиони евра. Откако е во германскиот клуб, дефанзивецот има 48 натпревари на своето конто и 1 постигнат гол.