УЕФА одлучи да и го одземе финалето во Лигата на шампионите во 2027 година на Италија, откако претходно беше одлучено тоа да се одигра на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.
Европската фудбалска централа денеска испрати соопштение во кое вели дека Милано како град не гарантирал завршување на реконструкцијата на стадионот до 2027 година.
„Бидејќи општина Милано не можеше да гарантира дека реконструкцијата нема да влијае на стадионот Сан Сиро и неговата околина, денеска беше донесена одлука повторно да се отвори процесот на наддавање за организатор на финалето на Лигата на шампионите 2026/2027 година. Се очекува одлуката за новиот стадион да биде донесена во мај-јуни 2025 година“, се вели во соопштението на УЕФА.