Валенсија само до бод, Столе повторно на клупа

63

Екипите на Валенсија и Осасуна ремизираа со резултат 0:0 во натпреварот од 5-тото коло од шпанската Ла Лига.

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно не доби минути во дресот на новиот клуб и го помина и овој меч на клупата за резерви. Валенсија ја продолжува лошата серија на резултати оваа сезона и по 7 одиграни натпревари „лилјаците“ имаат само една победа. Во моментов Валенсија се наоѓа на 17-тото место на табелата.

Во вториот натпревар Севиља со човек помалку ја совлада екипата на Реал Ваљадолид со 2:1. Стрелци на головите беа Ејуке за Севиља и Перез за Ваљадолид.

ПретходноТотален колапс: Му побегна сопругата, заврши со репрезентацијата, не може да најде нов клуб…
СледноПоради Барса и Левандовски, Шчесни се враќа од пензија?!