Енрике: Штета што Мбапе отиде во Реал Мадрид!

139

Килијан Мбапе летово го напушти ПСЖ и како слободен играч замина во Реал Мадрид. Францускиот напаѓач имаше лоши односи со парискиот клуб, кој според одлуката на правниот оддел на француската фудбалска лига е должен да му плати 55 милиони евра. ПСЖ сметаше дека е валиден усниот договор со кој Мбапе го прости тој долг, но се чини дека не е така.

Исто така, во последните месеци од мандатот на Мбапе во ПСЖ се појавија информации за лоши односи со тренерот Луис Енрике. Сепак, шпанскиот тренер во новото интервју за Movistar го демантираше ова.

„Килијан е одличен играч и личност која е тешко да се најде кога зборуваме за фудбалери од неговото ниво. Прекрасен играч, штета е што отиде во Мадрид, особено за нас во тоа време“, изјави Енрике, кој играше за Барселона осум години како играч, а потоа три години беше тренер на нејзиниот прв тим.

Мбапе помина шест сезони во ПСЖ, за кој одигра 308 натпревари и постигна 256 голови. Таму се разви во еден од најдобрите напаѓачи во светот, откако на 19-годишна возраст пристигна од Монако за цели 198 милиони евра. Тој од почетокот на оваа сезона настапува за Реал, за кој на осум натпревари постигна шест гола и забележа една асистенција.

ПретходноРафаел Надал ќе игра на Дејвис Купот
СледноНикола Мишковиќ го засили Пелистер