Одреден датумот на првото овосезонско Ел Класико

116

Ел Класико е едно од најголемите и најатрактивните дербиња во фудбалскиот свет, па така и оваа година навивачите ширум светот го очекуваат натпреварот помеѓу шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Првото овосезонско Ел Класико ќе се одигра на 26 октомври од 21 часот кога мадридскиот тим на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го дочека лутиот ривал во рамките на 11. коло од шпанската лига. Второто Ел Класико сезонава е закажано за мај наредната година и истото ќе се одигра во Каталонија.

Претходната сезона лутите ривали пружија одлични натпревари во кои Реал Мадрид беше поуспешен со три победи.

ПретходноПоради Барса и Левандовски, Шчесни се враќа од пензија?!
СледноФурние: Во НБА не можев да прифатам дека клубовите намерно губат