ОФИЦИЈАЛНО: Суспензија на теренот во Кавадарци и службени 0:3 за Вардар

1036

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ  поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.  Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ  и е  во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .

Комисијата за натпревари на ФФМ  според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат  ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар  0:3 го регистрираше овој натпревар .

ПретходноКошаркарски клуб ги сместил своите играчи – во затвор: „Вака ќе се заштедат пари…“
СледноМурињо им се заканил на играчите: Ако повторно видам ваква игра…